Паркинг место продадено за 1,3 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Да се живее во густо населено место значи и проблем со паркинг местата. Тие знаат да бидат многу скапи ако има многу население, а во време на мобилност едно семејство често има и по 2-3 автомобили. Колку е поскап квартот, понекогаш е толку скап и паркингот.

Една од неколкуте паркинг локации продадени во ултралуксузната населба во квартот „Пик“ во Хонг Конг е продадена за огромна сума од дури 1,3 милиони долари.

Станува збор за густо населен  град, па која било површина без разлика дали станува збор за живеалиште или место за паркирање на автомобил може да достигне таква цена.

Хонг Конг често е на врвот на листата на најскапи места за живот во светот.

Претходниот рекорд за цена на паркинг место исто така беше поставен во Хонг Конг кога една исто вакво место достигна цена од 980.000 долари во 2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK