Кинезите ја напаѓаат Европа преку Morris Garages

ОБЈАВЕНО НА:

Кон крајот на месецов и дефинитивно во Европа ќе го видиме првиот електричен модел развиен од страна на кинеската компанија. SAIC, производител од Кина ќе ја претстави продукциската верзија на својот прв електричен модел кој во Велика Британија и Европа ќе се продава под брендот на MG (Morris Garages).

MG е бренд кој во минатото беше во сопственост на Rover Group, меѓутоа од 2006 година е во кинески раце. Последните еколку години интензивно е работено на рестартирање на производните активности на овој бренд, а носител на сите овие активности е кинеската компанија SAIC.

Што се однесува до конкретниот модел, тој ќе ја носи ознаката ZA EV, а ќе располага со електромотор кој ќе продуцира 148 КС и 350 Nm. Според достапната техничка спецификација, до 100 км/ч ќе забрзува за околу 6.2 секунди, а со едно полнење на батеријата ќе може да помине речиси 430 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK