Kia и за на боиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај автомобили, јужнокорејскиот производител Kia произведува и најразлични возила за потребите на војската. Својата најнова креација се однесува на теренското возила именувано како KLTV.

Станува збор за концепт кој беше претставен на овогодинешниот Меѓународен саем за вооружување и војна опрема IDEX 2021 што се одржа во Абу Даби, ОАЕ.

Станува збор за теренско возило со кабина со четири седишта и товарен простор во кој може да се сместат уште 10 војници со придружната опрема. Во однос на товарните можности, KLTV може да превезе до три тони материја и оружје. Дополнително, на самото возило може да се постави дополнителна опрема како што е оружје на горниот дел од кабината.

Под хаубата доаѓа со дизелски агрегат од 228 КС со осум степен автоматски менувач. Погонот е на сите четири тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK