МАЛЕР невиден: Купи автомобил – и го уништи за само 4 секунди (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најмалерозниот сопственик на нов автомобил доаѓа од Индија. Тоа го покажува видеото кое го обиколи светот за само неколку денови.

Целото семејство собрано, сопственикот влегува во својот нов автомобил Volkswagen Polo, притиска на педалата за гас, прави мал маневар и потоа удира во портата. Епилог: по само четири секунди новото возило завршува на покрив.

Сетоа ова е снимано од еден од присутните членови на семејството, но и надзорната камера во автосалонот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK