Jaguar I-Pace добива SVR изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Најпопуларниот и најпродаваниот модел на Jaguar, I-Pace кој се појави во 2018 година, а доби и бројни награди ќе добие и SVR изведба.

SVR (Special Vehicle Operations)  e ознака која ја користи британскиот производител за спортските и помоќни изведби на основните модели.

Според сега достапните информации овој модел до 100 км/ч ќе забрзува за нешт повеќе од две секунди што е и повеќе од одличен резултат. Ќе располага со над 500 КС, што споредбено со основниот модел кој располага со 400 КС е далеку повеќе.

Ова го потврди Мајкл ван дер Санд, еден од шефовите во Jaguar, но не откри кога ќе биде претставена оваа изведба. Наместо него, тоа го направија британските медиуми кои открија дека тоа ќе се случи кон крајот на следната година на специјално организиран настан.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK