Ioniq 5 премиерно на 23 февруари!

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai потврди дека премиерата на долгоочекуваниот електричен модел Ioniq 5 ќе се случи на 23 февруари со што започнува експанзијата на електрични возила кои ќе го носат брендот Ioniq.

Токму овој модел ќе биде првиот во низата кои ќе бидат претставени во наредниот период. Се темели на концептот Hyundai Concept 45EV кој во септември 2019 година беше претставен на саемот за автомобили во Франкфурт.

Од претходно е познато дека овој модел ќе се темели на E-GMP (Electric Global Modular Platform) модуларната платформа на која покрај кај овој модел, ќе се користи и кај Ioniq 6 и Ioniq 7, но и кај неколку електрични модели на Kia кои ќе бидат претставени во текот на оваа и следната година.

Неофицијално, овој автомобил ќе го придвижуваат два електрични мотори кои заедно ќе продуцираат 313 КС, благодарение на што до стотка ќе забрзува за 5,2 секунди. Тука е и погонот на сите четири тркала како и 20 инчните тркала. Во однос на автономијата, благодарение на 58 kWh батерии, автономијата изнесува 450 км, кај основниот модел, додека со батерии од 82 kWh таа ќе изнесува 550 км.

Производството на овој модел ќе се извршува во Улсан, Јужна Кореја. Првите испораки пак, од овој модел кој ќе биде дел и од европската понуда, се очекуваат уште ова лето. Цената останува засега непозната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK