Ја снимија најновата Tesla – Model Y (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот мал кросовер на Tеslа беше снимен од страна на случаен возач за време на тестирањата во Калифорнија. Сериското производство на Mоdеl Y ќе почне за една година односно следната есен во САД и во Кина.

Прототипот на електромобилот беше претставен во март, а Mоdеl Y e направен на база на Mоdеl 3. Според прелиминарните податоци ќе се продава за основна цена од 39.000 долари односно 35.040 евра според актуелниот курс.

Помалиот брат на Mоdеl X ќе биде нуден во две резии со пет и со седум седишта, но и со еден или со два електромотори.

Основната верзија ќе може да помине 370 километри со едно полнење, а модификацијата ќе има и поголема можност односно ќе може да поминува над 480 километри со едно полнење.

Спортската варијанта Pеrfоrmаnсе ќе забрзува од 0 дo 100 км зa 3,5 ceкунди и ќе може да крене до 240 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK