Запознајте ги подобро Toyo Tires и Valvoline во Сити Мол

ОБЈАВЕНО НА:

Ако од денеска до 10 април се движите накај Сити Мол во Скопје, тогаш имаше шанса и подетално да се знапознаете со два квалитени бренда од автомобилската индустрија. Компанијата Еуроимпекс, ве повикува во Сити Мол во периодот од 5 до 10 април на дружење и запознавање со најновите производи и понуди на брендовите Valvoline и Toyo Tires.

Маслата Valvoline имаат актуелна акција од моделот SynPower – висок квалитет на синтетичко моторно масло со дополнителни хемиски компоненти кои го намалуваат триењето и абењето на моторот.

Погодно и за бензин и за дизел мотори.
Можете да ги најдете по цена од:
– SynPower 10W40 = 1.150 мкд / 4L
– SynPower 5W40 = 1.500 мкд / 4L
– SynPower 5W30 = 1.800 мкд / 4L
А истовремено ве пречекуваат и со целата палета на синтетички, полусинтетички и конвенционални моторни масла за долготрајност на вашиот мотор.

Додека пак Toyo Tires на самата локација ја нудат целата палета на летни гуми за најразлични потреби. Од гуми за патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и SUV возила, како и off road гуми за екстремни услови на теренот.

А секако можете да добиете и посебна понуда како дел од моменталната летна акција на Toyo Tires „Летни гуми со -30%“ + бесплатна монтажа и балансирање. За сите купувачи нудат и изненадување поклон „Toyo Outdoor сет“

Следете не и на:

24AUTO NETWORK