Hyundai Venue e новиот кросовер закажан за во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Целосно новиот кросовер Venue ќе биде премиерно прикажан на саемот во Њујорк на 17 април, објавуваат од Hyundai.

Од објавениот тизер од страна на јужнокорејскиот производител не може воопшто да се открие екстериерот, меѓутоа од прикажаните рендери изминатиот период може да се заклучи дека станува збор за мал градски SUV кој ќе се позиционира под моделот Tucson, а кој го следи дизајнерксиот јазик применет кај новиот Santa Fe.

Овој модел ќе биде понуден на пазарите во Северна Америка и Индија, но засега неизвесно е дали ќе се понуди и во Европа.

Во зависност од пазарот каде ќе се продава, во понудата ќе бидат понудени 1.0 литарски турбо бензински мотор со три цилиндри, 1.4 литарски бензински и 1.4 литарски дизелски мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK