Дури 85% од новите автобуси во Европа се дизел

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во минатата календарска година, Асоцијацијата на автомобилски производители во Европа (АСЕА) ги запозна сите со детали за бизнисот со нови лесно, средно и тешкотоварни машини на територија на Европа, сега распространи податоци за распоредувањето на погонските системи и кај новите автобуси.

Податоците на ACEA покажуваат дека во 2019 година, 85% од новорегистрираните средни и големи автобуси во Европа (над 3,5 тона) биле опремени со дизел мотори, додека пазарниот удел на бензинските возила е речиси нула. Другите 15% од пазарот е со автобусите со алтернативни погонски системи, притоа 4% удел имаат и електрифицираните.

Во текот на минатата година, новите регистрации на дизел автобуси во Европа се намалија за 3,1% до ниво од 34.123 единици, а пад беше забележан на секој еден од основните европски пазари, а како единствен исклучок е Франција со пораст од 2,4%.

Според статистиката на ACEA, во 2019 година во Европа биле регистрирани 1.607 нови електрифицирани автобуси, што е за 170,5% повеќе во споредба со 2018 година. Најсериозната побарувачка на такви транспортни средства има во Холандија каде што биле реализирани 381 примеок, со што се наоѓаат пред Франција (285) и Германија (187).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK