Honda нема да продава повеќе возила во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Honda соопшти неочекувана вест – нема повеќе да продава возила во Русија од 2022 година. Оваа вест јапонскиот производител ја соопштени на својот веб сајт за односи со јавноста, а оваа одлука произлегува од глобалниот план за реструктуирање на брендот.

Во моментов во понудата се вклучени само два модели CR-V и Pilot. Овие два модели минатиот месец беа продадни во вкупно 79 примероци на целата територија на Русија. Од почетокот на годината па се до крајот на ноември забележан е пад од 15% продавајќи при тоа само 1.383 примероци.

Јапонската борба на рускиот пазар продолжуваат да ја водат Toyota и Nissan кои воедно и поседуваат фабрики во оваа земја.

Сепак Honda нема во целост да го напушти рускиот пазар. Во оваа земја и натаму ќе се продаваат мотоцикли и други агрегати под брендот на Honda.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK