петок, 25 јули, 2025 година

Започна производството на подновената BMW серија 7

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Додека сите се воодушевуваат на дизајнот на саемот во Женева, во фабриката во германскиот град Динголфинг BMW го стартуваше производството на подновената серија 7.

Новата серија 7 доаѓа во понудата со три дизелски мотори од по 265КС, 320КС и 400КС како и два бензински мотори со 530КС и 585КС. Тука е и plug-in хибирдната верзија со додатна назнака 745е која заедно со 3.0 литарскиот бензински мотор располага со вкупно 394КС.

- Advertisement -

Во салоните во Германија овој модел доаѓа на почетокот на следниот месец, а почетната цена за 730d со 265КС изнесува 88,690 евра.

Овој голем луксузен седан BMW за прв пат го лансираше во далечната 1977 година и оттогаш во континуитет е дел од понудата на BMW. Подновената седмица доаѓа по шестата генерација која премиерно беше претставена во јуни 2015 година во седиштето на компанијата во Минхен, а заклучно оваа генерација BMW има продадено речиси 1,9 милиони примероци.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја