Great Wall се враќа во Европа – ќе гради повторно фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Great Wall Motor на саемот во Франкфурт објави дека се враќа во Европа со целата понудата, но и дека планира изградба на фабрика во Европа.

Кинесkиот производител во моментов е присутен во неколку европски земји, но со неколку модели. По одличните продажни перформанси на домашниот пазар, сега акцентот повторно се става во Европа каде на почетокот е планирана продажба од 50 илјади возила.

Токму и доколку се исполни оваа бројка, Great Wall Motor (GWM) ќе започне да размислува и за изградба на фабрика во некоја од земјите во Европската Унија.

За потсетување, овој производител во 2012 година отвори фабрика во Бугарија, но по само пет години ја затвори во 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK