Nissan обнови уште еден модел и повторно не е наменет за Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan засега успешно пркоси на коронавирусот. И покрај тоа што најави затворање на фабриките во Велика Британија и Шпанија, јапонскиот производител не се откажува од ниту еден план за лансирање нови и обновување на постоечките модели.

Покрај најавата за 14 новитети, Nissan официјално го претстави фејслифтот на моделот Tiida. Станува збор за компактен хечбек кој во Тајланд, Австралија и Нов Зеланд се продава под називот Pulsar.

Обновена е предната маска, со блага измена на браникот и светлата. Тука се новите алуминиумски фелни како и двобојниот екстериер. На задниот дел не се приметуваат некои поголеми измени. Tiida во внарешноста доаѓа со нов инфотејнемнт систем, нови седишта и нова боја на материјалите.

Nissan Tiida

Во продажба овој модел доаѓа уште ова лето, а цената во Кина започнува од 14 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK