Ford во Европа отпушта – во Африка вработува

ОБЈАВЕНО НА:

Додека Европа е жртва на плановите на Ford за реструктуирање и отпуштање на илјадници вработени, американскиот производител се движи во сосема други насоки во Африка.

Така Ford Motors во Јужна Африка најави дека ќе вработи дополнителни 1.200 вработени поради воведување на дополнителна смена во една од фабриките за производство на возила.

При тоа се наведува дека воведување на нови смени е резултат на реализацијата на инвестицијата вредна три милијарди ранди што претставува околу 214 милиони американски долари. Со ова годишното производство ќе се зголеми на 168 илјади возила.

Претходно Ford ја затвори фабриката во Русија, а во останатите фабрики во Европа го намали бројот на вработени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK