BMW ја презема контролата над кинески BMW Brilliance Automotive

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител BMW преку официјално соопштеније објави дека ја презема контролата над компанијата BMW Brilliance Automotive со тоа што го откупи мнозинскиот дел на акциите од оваа компанија.

BMW Brilliance Automotive е основана во 2003 година во Шенјанг (Кина) како заедничка инвестиција на BMW и Brilliance. Во сопствеништвото покрај овие два производители учествуваше и локалната влада со 9.5% од компанијата.

Сепак забрзаниот раст на кинескиот пазар на автомобили и драстично големата побарувачка во споредба со останатите региони, придонесе BMW во изминатите 2-3 години активно да се вклучи во борбата за освојување на овој пазар. Одличните продажни перформанси го натера раководството на компанијата да плати 3,6 милијарди евра се со цел да го зголеми сопствеништвото во оваа компанија. Со ова, BMW го зголеми сопствеништвото од 50% на 75%, а воедно сега Brilliance поседува 15.5% додека уделот на локалната влада останува непроменет.

Истовремено, германскиот производител објави дека во нaредниот период ќе инвестира три милијарди евра во новата и постоечкат фабрика, а со тоа ќе го зголеми капацитетот од 400 илјади автомобили годишно на 650 илјади со што ќе може да одговори на побарувачката во Кина и околните земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK