Електричниот Mustаng Mасh-Е ќе биде помоќен од планираното

ОБЈАВЕНО НА:

На страниците на еден американски форум, посветен на новиот електричен кросовер Mustаng Mасh-Е беа публикувани податоци од претставувањето на моделот. Документите покажуваат дека четирите првични верзии на серискиот автомобил ќе бидат од 8 до 14 коњски сили помоќни отколку што беше објавено за време на премиерата на моделот.

Според информациите, основните кросовери Mustаng Mасh-Е со стандардна батерија, независно од типот на погонот, ќе добијат 11 коњски сили и 15 Nm вртежен момент. На тој начин производството на двете верзии ќе се зголеми до 266 коњски сили, а вртежниот момент на верзијата со заден погон ќе се зголеми до 430 Нм, a нa 4х4 варијантата до 580 Нм.

Кросоверот со заден погон и со помоќна батерија има помалку среќа. Кај оваа варијанта моќноста ќе се зголеми со осум коњски сили до 290 коњски сили, а вртежниот момент со 15 Нм дo 430 Нм.  За двомоторната верзија со поголема батерија се предвидува моќност од 346 кoњcки cили (+14 коњски сили) и вртежен момент од 580 Нм (+15 Нм). Интересно е уште дека подобрувањето на декларираните показатели нема да се одрази на рафинираната верзија GТ, која останува со декларираната моќност од 459 коњски сили (830 Nm).

Можеби најпродуктивниот од електричните Mustаng ќе ја додаде моќта подоцна. Од Ford досега не ја коментираат неусогласеноста меѓу карактеристиките. Претставник на компанијата само изјави дека деталите за новиот продукт ќе бидат објавени, кога Mustаng Mасh-Е ќе се појави во салоните во САД.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK