Е ова е вистински стимул – Франција дава до 12.000 евра субвенции за електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Француската влада објави повеќемилионски економски план за автомобилската индустрија – и таму е вклучено помош за производителите, а оние што ќе сакаат да купат електрично возило ќе добијат субвенција до 12.000 евра. Општиот план за помош на автоиндустријата вреди 8 милијарди евра.

Овој план ќе биде добредојден за националните производители – Renault и PSA кои ќе добијат кредити, и ќе се препорачува да се купуваат нови автомобили. Овие стимулански ќе бидат насочени најмногу кон оние што ќе купат превозно средство со автономија од повеќе од 50 км. на струја.

Според буџетот, Франција само за купување на електрични возила ќе има на располагање 1,3 милијарди евра. Тоа е највисоката помош што воошто досега била дадена.
Тоа значи дека моделот Renault Zoe модел што во Франција има цена од 32.000 евра, сега ќе може да се купи за 20.000 евра.

Претходниот план предвидуваше помош до 6.000 евра за електрични возила со цени под 45.000 евра, и до 3.000 евра за превозни средства кои чинат меѓу 45 и 60 илјади евра.

Плановите се да се поттикнат француските производители да прават електрични возила, кои исто така ќе завршат на домашните улици. Според планот на претседателот Макрон во Франција треба да се произведуваат по 1 милион електрични возила до 2025 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK