Дизелгејт: VW се спогоди со САД за 10 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Апелациониот суд на САД го одобри договорот за спогодба со Volkswagen вреден 10 милијарди американски долари. Договорот е склучен помеѓу германскиот производител и сопствениците на автомобили погодени од дизелгејт скандалот.

Договорот опфаќа сопственици на 475 илјади Audi автомобили опремени со 2.0 литарски дизел мотори кои биле програмирани да манипулираат при тестирање на издувните гасови.

Во независната истрага беше утврдено дека автомобилите го надминуваат дозволеното ниво на загадување за повеќе од 40 пати. Според претходната спогодба, VW се согласи да откупи автомобили погодени во овој скандал, а и да плати оштета во висина од 5 до 10 илјади долари на секој сопственик.

Сепак тука не завршува се, во САД се водат уште неколку независни истраги и рочишта против германскиот производител, а медиумите во САД пишуваат дека VW ќе треба да исплати и до 60 милијарди долари на САД и сопствениците на автомобилите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK