Бројни салони за автомобили поплавени во Германија (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во Германија, како и во Белгија, Луксембург и Холандија, како последица на поројните врнежи со денови акутелни се поплавите. Во Германија, ситуацијата е особено критична во западните делови, во близина на градовите Кобленц, Бон и Вупертал.

Илјадници раселени лица, стотици повредени, а има и загинати. Бројни куќи се поплавени, голем дел се и оштетени, а поплавите не ги поштеди ниту продажно-изложбените салони.

На интернет се појавија бројни видеа на кои може да се видат стотици автомобили поплавени пред продажните салони. Едно такво видео е и од продажниот салон на Porsche каде може да се види како бројни автомобили од повеќе модели се поплавени. Се наведува и дека водата влегла во внатрешноста на автомобилите, па материјалната штета е сигурно голема.

Во друго видео снимено во продажниот салон на Audi во Леверкузен, причинета е далеку поголема материјална штета. Во гаражата, поради притисокот на надојдената вода, оштетени се 30-тина возила од различни модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK