Брилијантната идеја на Трамп проблем за европските и кинески производител

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1 јули годинава на сила стапуваат одредби од договорот потпишан помеѓу САД, Канада и Мексико, а според кој автомобилите кои ќе се продаваат на пазарите во овие земји ќе мора во најголем дел од компонентите содржани во нив да се произведуваат во овие земји.

Според договорот, во САД, Канада и Мексико ќе може да се продаваат автомобили само доколку 62,5% од компонентите вградени во автомобилите се произведени во овие земји.

Дополнително, минимум 40% од компонентите ќе треба да се произведуваат во региони со висока дневница.

Иницијатор на овој договор беше американскиот претседател Доналд Трамп. Целта е да се релокализираат дел од производствените капацитети на големите производители на компоненти за автомобилската индустрија како и самите автомобилски производители во некои од овие земји.

Ова е втор бран на Доналд Трамп откако претходно со високите царини ги присили германските производители да отворат производствени капацитети во САД.

Со оваа одлука најмногу на удар ќе бидат кинеските прозиводители кои покажуваат амбиции за пласман на своите автомобили во САД како и француските производители, пред се PSA Групацијата кој веќе повеќе од една година се подготвува за влез на овој пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK