Mercedes не се совршени возила – се повлекуваат 670.000 поради дефект

ОБЈАВЕНО НА:

Ниту возилата на Mercedes не се совршени. Како што пренесуваат германските медиуми, овој производител од кинескиот пазар ќе повлече речиси 670 илјади возила.

Причината за ова повлекување лежи во проблемот со истекување на гориво поради што може да настане пожар.

Спорните возила се произведени во Кина во периодот од февруари 2013 до јуни 2017 година. При тоа опфатени се илјадници примероци од моделите на C-class, E-class, V-class, GLK-class, CLS-class, SLC-class, GLC SUV и VS20 VITO.

Засега нема бројка дали и колку од овие прозиведени примероци се извезени од Кина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK