Ги платија скапи и сега се плашат да ги мијат електромобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Истрагата спроведена во рамки на кампањата на Владата за популаризација на хибридните возила и на електромобилите во Велика Британија, покажува дека поголем дел од жителите воопшто не знаат за погодностите кои ги нудат овој тип на превозни средства.

На пример, 42% од анкетираните се со мислење дека електромобилот не може да се мие како стандарден автомобил. Повеќе од пола од анкетираните (52 проценти) не можат да опишат што претставува возилото на струја, а 47% се убедени дека превозните средства со мотор на внатрешно согорување забрзуваат побрзо од оние со електричен мотор иако многу често е спротивно.

Исто така многу прашања предизвикуваат и цената и расходите на возилата на струја. Околу 25% од анкетираните се сигурни дека потрошувачката за одржување на електромобителите е многу поголема од оние на бензин. Според нив разликата може да достигне до 70%.

Британците исто така веруваат дека цената за полнење на електромобилите е 21,54 фунти иако реално таа е едвај 3,64 фунти. Исто така околу 29 проценти од испитаниците при анкетирањрто не знааеле дека тој тип на автомобили можат да се полнат и од стандардната електрична мрежа.

Жителите на островот се недоволно информирани за бројот на моделите на струја кои се нудат, како и за бројот на станиците за полнење. Тие посочуваат девет модели и 6000 станици, а вистинската бројка е 17 модели и 17.000 станици.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK