Volkswagen за шест месеци во загуба од 1,4 милијарди евра

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата на коронавирусот е погубна и за Volkswagen. Најголемиот германски производител во првите шест месеци од годината забележа загуба од 1,4 милијарди евра. Само за споредба, истиот период минатата година Volkswagen оствари добивка од 9,6 милијарди евра, пред оданочување.

Причината за овој катастрофален финансиски перформанс е кризата предизвикана од коронавирусот поради што во март и април речиси сите фабрики на германскиот производител беа под клуч. Следствено на тоа, испораките во првата половина од годината се намалија за 27%, на 3,9 милиони возила.

Во соопштението на Volkswagen се наведува дека стапката на пад на испораката, а со тоа и финансискиот минус се очекува да се намалува значително во вториот дел од годината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK