GM купи 11% од акциите на Nikola

ОБЈАВЕНО НА:

Од бизнис светот на автомобилизмот ја издвојуваме веста според која General Motors купи 11% од акциите на американската компанија Nikola.

Оваа вест ја соопшти General Motors во чие соопштение стои и дека вкупната вредност на трансакцијата изнесува околу 2 милијарди американски долари.

За потсетување, Nikola е технолошка старт-ап компанија во чиј центар на интерес се електричните возила. Токму GM и оваа компанија потпишаа договор претходно за заеднички развој на електрични возила. Целта е да се заштеди на технологијата која потоа ќе може GM во целост да ја имплементира во своите возила.

Инаку двете компании во моментов работат на електричниот камионет NIkola Badget кој треба да парира на Tesla Cybertruck, а кој ќе се појави во текот на 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK