Dacia сериозно напаѓа на нов пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Според информација на www.news.com.au, хитот за европскиот пазар, брендот Dacia на Groupe Renault ќе навлезе на пазар кој е целосно нов за неа и полн со потенцијал за следната година. Станува збор за Австралија, каде што годишно се продаваат околу еден милион нови автомобили.

Навлегувањето на Dacia во Австралија е резултат на новата организација на бизнис дејноста на Renault во земјата, која од таа година е поставена во рацете на компанијата ATECO, која одговара за дистрибуцијата и продажбите на брендовите како RAM и Maserati на локално ниво.

„Ќе ја увезуваме Dacia. Во моментов разговараме со нив за деталите“, вели Невил Кричтон, директор на ATECO.

Од изданието споделуваат дека моделот Sandero на Dacia е значително поевтин од најдостапната верзија на Kia Picanto, но коментираат дека по секоја веројатност основниот интерес на корисниците ќе биде за Duster.

Можно сценарио за интересен производ во Австралија е воведувањето во продажба и на пикап верзијата на Duster-Oroch, која е достапна надвор од Европа. Истата се очекува да добие целосно нова генерација во текот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK