Audi нема да учествува на саемот во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi го потврди она што подолго време се шпекулираше – нема да настапува на саемот за автомобили во Њујорк.

Во соопштението на американската дивизија на Audi се наведува дека компанијата ќе го преиспита начинот на кој го претставува Audi искуството, производите и иновациите на своите купувачи како и медиумите.

Во последните неколку години популарноста на саемите за автомобили бележи пад. Тоа се должи на се поголемото отсуство на големите производители од овие настани кои апстинираат поради заштеда на финансиски средства, но и практикување на алтернативни и поефикасни начини за промовирање на своите брендови.

Инаку саемот за автомобили во Њујорк ќе се одржи од 10 до 19 април годинава, а засега други производители не најавија дека ќе отсуствуваат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK