Aston Martin претстави специјална верзија на DBX

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Aston Martin, ја претстави Bowmore Edition верзијата на моделот DBX. Називот Bowmore произлегува од истоимената компанија за производство на алкохол лоцирана во Исли, Велика Британија.

Оваа верзија ќе располага со истиот мотор – 4,0 литарски twin-turbo мотор кој продуцира максимални 550 КС и 700 Nm и девет степен автоматски менувач. Погонот е на сите четири тркала.

Благодарение на овој мотор, до стотка забрзува за 4,5 секунди, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 291 км/ч.

Bowmore Edition доаѓа со специјални екстериерни детали, а во ентериерот доаѓа со нови кожни седишта, централна конзола во црна боја и врати обложени во кожа.

Bowmore верзијата ќе биде достапна само во 18 примероци. Купувачите ќе може да бираат помеѓу Bowmore Blue или Xenon Grey бојата, а истото ќе може да го направат кон крајот на следната година кога ќе биде достапен за продажба.

Засега цената останува непозната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK