Alfa Romeo го враќа Spider – Lancia конечно Fulvia?

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализираните италијански магазини за автомобилизам пишуваат дека инжинерите во Stellantis во моментов работат на новите Alfa Romeo Spider и Lancia Fulvia кои би се појавиле во текот на 2023 година.

Во моментов во Alfa Romeo работат на новите кросовери Tonale и Brennero, а наместо на новата генерација на Giulietta се работи на враќање на моделот Spider. Овој модел во понудата на Alfa се најде двапати. Најпрво во периодот од 1966 до 1993 година, а потоа и од 1995 до 2006 година.

Spider треба да биде првиот модел во понудата на Stellantis што ќе биде родстер. Истата платформа и технологија ќе биде применета и кај моделот Fulvia на Lancia. Овој модел во понудата на италијанскиот производител беше достапен во периодот од 1963 до 1976 година.

Во 2003 година беше претставен и концепт автомобилот на саемот во Франкфурт, но поради кризата во која се најде тогаш Fiat, овој автомобил не се појави во сериско производство и покрај бројните награди за дизајн кои ги освои.

Во меѓувреме одговорете ни на анкетата:

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

Дали засилените контроли на полицијата ќе придонесат за подобрена безбедност во сообраќајот

Не
29.03% | 649 од 2236 ГЛАСА
Да се делува повеќе превентивно и едукативно
28.71% | 642 од 2236 ГЛАСА
Треба да има уште поригорозни казни
23.35% | 522 од 2236 ГЛАСА
Да
18.92% | 423 од 2236 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK