Себастијан Леб ќе вози Dacia на „Дакар 2025“

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia потврди дека од 2025 година ќе учествува на Светскиот шампионат во рели како конструктор во категоријата Т1+, и дека ќе се обиде на тестot на издржливост и отпор – релито „Дакар„. Релито „Дакар“ е необична и уникатна трка која собира 500 авантуристи од повеќе од 60 земји секоја година повеќе од 40 години.

Релито на издржливост е посебно спортско искуство кое целосно се совпаѓа со областите на активност на марката: тоа е авантура на отворено што вклучува робусни прототипови со погон на сите тркала, специјално прилагодени да ги издржат најсложените услови; тоа е исто така еколошки свесна авантура во која тркачките автомобили на Dacia се напојуваат со синтетичко гориво и, на крајот, суштинска и кул авантура со амбициозна цел во која нема простор за непотребен вишок.

За Dacia, релито „Дакар“ е полигон и лабораторија за тестирање на бројни идеи; тоа е можност да се тестираат нови паметни решенија, особено оние поврзани со теренски својства и гориво. Пред да влезат во сезоната 2025, прототипите на Dacia ќе бидат тестирани на Мароканското рели во 2024 година.

Dacia се потпира на сигурна и искусна техничка база
Dacia ќе биде вклучена во овој возбудлив проект, потпирајќи се на вештините на Renault Group и британската група Prodrive, специјализирани за моторни спортови и инженеринг и светски познати по развојот на прототипи за рели издржливост.

Како еден од главните светски играчи во областа на моторните трки, кој работи речиси 40 години, Prodrive им помага на брендовите да освојат бројни меѓународни првенства.

Себастијан Леб и Кристина Гутиерез ќе возат Dacia
Шпанската рели возачка Кристина Гутиерез Хереро е првата Шпанка која возела на релито Дакар во 2017 година во категоријата автомобили. Иако има само 31 година, таа веќе учествувала на седум рели Дакар од 2017 до 2023 година. Од 2012 година Кристина е шампион и во рели на сите видови терени (во женска конкуренција) во Шпанија.

Францускиот рели возач Себастиен Леб (49) го освои Светскиот шампионат во рели девет пати по ред, од 2004 до 2012 година. Тој е еден од најуспешните спортски возачи и често го нарекуваат најдобар рели возач на сите времиња.

Леб учествува на релито Дакар од 2016 година. Од 2021 година ќе се натпреварува зад воланот на Bahrain Raid Xtreme Hunter. Успешната приказна на Sébastien Loeb и групата Prodrive сега продолжува зад воланот на Dacia.

Прототип на Dacia со синтетичко гориво
Прототипот на Dacia ќе работи на синтетичко гориво, синтетизирано со помош на обновлива електрична енергија. Синтетичките горива на Aramco создаваат помала јаглеродна трага од горивата базирана на бензин во текот на целиот производствен циклус, а релито Дакар ќе послужи како совршен терен за тестирање за нив.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK