Kинезите почнаа да клонираат и руски автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Wеy V72 дебитираше на автомобилскиот саем во Ченгду. Оригиналниот кросовер од премиум брендот на Grеаt Wаll несомнено го привлече вниманието на сите експерти.

Фaкт e, дека Wеy V72 e направен в стилот на американските автомобили од 40-тите и 50-тите години на минатиот век, но дизајнерите велат дека се инспирирани од култниот руски автомобил ГAЗ-M20 Пoбeдa – особено во профил. Автомобилот го има истиот спуштен покрив, округли фарови и изразени браници.

Исто така и многу хром. Сепак, ентериерот изглда доста помодерен. Во салонот на кинескиот автомобил има виртуелни прибори, сензорен екран и одделен дисплеј за патникот на совозачкото место. Материјалите и квалитетот на изработка во салонот исто така е на многу високо ниво.

Кинескиот кросовер е опремен со таканаречениот „мек“ хибрид. Тој под хаубата располага со дволитарски четирицилиндричен бензински мотор со моќност од 214 коњски сили, кој е дополнет од малиот 48-волтен електричен мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK