За две години ќе има странични воздушни перничиња во возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот ZF успеа да развие странични воздушни перничиња за заштита при судир, а истите би можеле да стигнат до производство за две години. Компанијата го покажа системот за странични воздушни перничиња на неодамна одржаниот настан „Airbag 2018 Symposium“ во Германија. Системот е многу сличен со технологијата која во моментов се користи за воздушни перничиња во кабината. Воздушното перниче е два до трипати поголемо отколку некои типични внатрешни перничиња и бара повеќе експлозивни полнења.

ZF го пронајде концепт системот за страните на автомобилот, кој би се активирал во случај на страничен удар. При тестирање, ZF дојде до заклучок дека овој дополнителен слој на заштите ја смалува сериозноста на повредите до 40 проценти.

Компјутер, сензори, камери… се задолжени да одредат кога е потребно да биде активирано страничното воздушно перниче. Овде прецизноста е од круцијална ажност. Во случај воздушното перниче да не се активира бидејќи параметрите на забрзувањето се премногу високи, тој станува потполно бескорисен.

Од друга страна, би било навистина лошо воздушното перниче да се активира и во текот на парирањето на автомобилот бидејќи системот е подесен премногу осетливо. Сепак, ZF тврди дека е сигурен во својот софтвер. Технологијата детектира судир и ги активира воздушните перничиња за само 100 милисекунди. Ова значи дека воздушното перниче е целосно надувано пред да дојде до судир со објект или со друг автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK