Иџе Стефановски со нов предизвик – NASCAR! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Најтрофејниот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе се подготвува за нов предизвик – NASCAR! Веќе седна за автомобил од европската серија на ова натпреварување.

На неговиот профил на Линкедин, Стефановски објави видео во кое тој влегува во Mustang а механичарите го подготвуваат за неговото возење. Нема детали каде е направен тестот и дали ова значи почеток на нов предизвик за Стефановски.

Стефановски лани возеше во Италијанскиот TCR, а за сезонава се уште ги нема објавено официјално плановите.
Европскиот NASCAR за утре, 11 март има најавено официјално тестирање за сите заинтересирани што би сакале да бидат дел од оваа серија. Тестирањето ќе биде во Франција, а за најдобрите се обзбедени и награди, како покривање на пријавнината или пак покривање на трошоците во вредност од 25.000 долари.

Во европската серија на NASCAR има три бренда на автомобили, Chevrolet, Toyota и Ford. Сите возила се исти, нема разлика, главните делови во возилата се запечатени за да не може да се интервенира дополнително. Погон на задни тркала, 5,7 литарски В8 мотори со сила од 400 КС, максимална брзина од 245 км/ч.

Ако Стефановски се реши да се проба и во оваа серија ќе има огромна шанса потоа да продолжи и во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK