Ако често патувате добро е да знаете – Ова се десетте града со најевтино такси во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Два града се наоѓаат на Балканот

Кога патувате надвор од земјата, секогаш е добро да бидете запознаени со градот во кој ви е патувањето особено доколку имате потреба од користење на превоз. Затоа е добро да се имаат предвид и цените на такси услугите доколку не може да се користи јавниот сообраќај.

Една интересна анализа даде претстава за десетте града во светот кои имаат најевтини такси услуги, а цената која е направена се однесува за растојание од три километри, додека сумите се изразени во американски долари.

Доколку патувате во градот Ханој во Виетнам тогаш возење со такси од три километри ќе ве чини два долари. Нешто поевтино од 1,9 долари е возењето во главниот град на Бугарија, Софија.
На 8. Место на листата се најде Куала Лумпур (Малезија) каде што патување од три километри со такси чини 1,89 долари. Позиција повисоко е Бангкокво Тајланд каде што сумата е 1,65 долари.

Во Тунис истото растојание може да се измине за 1,62 долари додека во Мексико сити е 1,5 долари. На 4. место се наоѓа уште еден град кој е во соседството, а станува збор за Букурешт во Романија. Практично 3. и 4. место е со два града со иста цена. Тука е и Џакарта од Индонезија. И во Букурешт и во Џакарта треба да се плари 1,47 долари за три километри.

Мумбај во Индија е вторпласиран на оваа листа со 1,4 долари за три километри возење со такси, додека убедливо најевтини такси услуги може да се користат во Каиро во Египет, а изнесува 0,5 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK