Mini работи на електричниот Minor – доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Mini кој е дел од BMW Group активно работи на развојот на својот прв целосно електричен автомобил. Се работи за моделот Minor кој нема да биде понуден со SUS мотор.

Рaзвојот влегува во завршна фаза, па оттука премиерата на овој модел ќе се случи во текот на следната година, а во продажба ќе биде достапен кон крајот на 2022 година, најдоцна, во текот на првиот квартал од 2023 година. Тоа е две години пред Mini да го лансира последниот автомобил со SUS модел.

Засега, не се познати техничките спецификации на овој модел. Се очекува да има автономија од околу 350 км. При тоа фокусот ќе биде поставен на европскиот пазар, во преден план, а ќе биде достапен и на кинескиот пазар.

За потсетување, според последно објавениот стратешки план на BMW Group, од 2030 година Mini ќе се трансформира во целосно електричен бренд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK