Toyota конечно ја претстави спортската GR верзија на Yaris

ОБЈАВЕНО НА:

GR верзијата од новата генерација на Toyota Yaris конечно го доживеа своето деби.

Оваа верзија на Toyota Yaris требаше премиерно да биде претставена за време на релито во Австралија, но поради пожарите кои беснејат во Нов Јужен Велс, рели трката е одложено, а со самото тоа и премиерата.

GR изведбата доаѓа со изменет преден и заден браник како и спојлер на задниот дел. Тука се и новите спортски алуминиумски бандажи како и ретровизорите со кутија во црна сјајна боја.

Епитетот GR најмногу го доби поради она што се наоѓа под хаубата. Тука е моќниот 1,6 литарски трицилиндрен турбо бензински мотор со 257 КС и 360 Nm обртни моменти. Доаѓа во комбинација со 6 степен мануелен менувач, погон на сите четири тркала и со аеро кит.

Во слободна продажба доаѓа оваа пролет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK