Светската премиера на Toyota PROACE CITY на саемот во Бирмингем

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот огранок на Toyota објави дека на 30 април за време на меѓународниот специјализиран саем за автомобили во Бирмингем, ќе се одржи премиера на новиот компактен Proace City.

Од Toyota велат дека брендот Proace City ќе навлезе во најголемиот специјализиран сегмент на европскиот пазар, за кој од брендот коментираат дека се развива.

Засега нема детали, а од Toyota објавуваат дека Proace City ќе се произведува како резултат на соработката на компанијата со гигантот Groupe PSA, проширувајжи ја понудата на автомобили во која се вклучени средноразмерниот Proace и пикапот Hilux.