Renault му даде уште една шанса на Scenic – претставен редизајнот

ОБЈАВЕНО НА:

Иако се најавуваше пензионирање, сепак Renault пред да го пензионира, му даде нова шанса на моделот Scenic претставувајќи го редизајнот на четвртата генерација.

Официјалните фотографии ги објави на својата интернет страна, а од истите може да се забележат благи екстериерни измени.

Така највпечатлива е измената на долниот дел од предниот браник, поточно решетката, како и мала измена на светлата. Задниот дел останува во целост идентичен.

Иста останува и внатрешноста и мотористиката. Доаѓа со надграден инфотејнмент систем, нови алуминумски фелни како и бои во понудата и тоа Topaz Blue и Vintage Red.

Во продажба овој модел доаѓа кон крајот на оваа година и се очекува како таков да се задржи до 2022 година кога е планиран прекин на производството.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK