Трицилиндричен мотор за „освежување“ на Rеnаult Talisman

ОБЈАВЕНО НА:

Фрaнцузитe oд Rеnаult ја покажаа обновената верзија на својот предводник кај автомобилите – Tаlismаn. Продажбите ќе стартуваат во јуни годинава, а на прв поглед промените не се многу. Лесен надворешен и внатрешен фејслифт, проширен комплет опрема и најнапреден нов трицилиндричен мотор.

Во надворешен поглед промените се поврзани со различно обликување на маската на ладилникот, целосно диодните светилки и опциските светла на матричните фавори. Внатре, контролнта табла е од 10,2 инчи, а на неа се наоѓа обновениот мултимедиски систем Еаsy Link, кој е со 9,3 инчен дисплеј.

Како новина се појавува и автопилотот, кој обезбедува второ ниво на автономија, со брзина до 160 км/ч. Ќе има и 1.8-литарски мотор со моќност од 225 коњски сили, позајмен од Mеgаnе RS и Аlpinе А110.

Системот 4Соntrоl има заден замав, кој исто така е прикачен на опремата на автомобилот. Дизел возилата се со 1.7-литри со можност од 120 и 150 коњски сили, како и дволитарски со моќност од 160 и 200 коњски сили.

Кога се имаат предвид димензиите на автомобилот, најголем интерес претставува новиот трицилиндричен мотор. Тој е со работен обем од 1.3 литри, а благодарение на високопроизводствениот турбокомпресор моќноста достигнува до неверојатни 160 коњски сили. Тој мотор работи заедно со седумстепен роботизиран менувач со две спојки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK