Најмоќниот сериски суперавтомобил на нашето време (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најмноќниот сериски автомобил во наше време не е рекордерот Bugаtti Сhirоn, а не е ниту Hеnnеssеy Vеnоm F5 или Kоеnigsеgg. Станува збор за електричен aвтoмoбил. Поточно станува збор за моделот Lоtus Еviа.

Од 2020 година тој влегува во производство, но предвидената серија е со само 130 примероци. Секој од нив ќе се продава за цена од 2,6 милиони долари. Што практично претствува финалната верзија на најмоќниот суперавтомобил на нашето време? Станува збор за четири електромотори кои заедно произведуваат вкупно 2000 коњски сили.

Во исто време електричниот суперавтомобил не е премногу тежок и има 1.680 килограми. Тоа станува можно благодарение на карбоновиот монокок. Електричниот автомобил забрзува до 100 за помалку од три секунди, а до 300 км/ч за помалку од девет секунди. Максималната брзина засега не се открива.

Се знае само дека надминува 320 км/ч. Батеријата, од која се полнат четирите електромотори со капацитет од 70 кВтч и обезбедува автономна далечина од 400 километри. Електричниот суперавтомобил на Lоtus можете да го наполните од брза станица за околу 20 минути.

Lоtus Еviа има активна аеродинамика и камери место ретровизори. Вратите се креваат нагоре и се со електричен погон. Во кабината контролната табла е виртуелна и волан во стил на болидите во Формула 1.