Пристигна новиот Aygo Х на Toyota: Модел за новата генерација

ОБЈАВЕНО НА:

Тоyota во Македонија повторно промовираше нов модел, кој останува во тренд, а тоа е кросовер изглед, она што го бара новата генерација. И тоа кросовер не само за повисоката класа, или онаа средна, туку за најмалата. Во А сегментот сега понудата е збогатена со Aygo X. Toa e третата генерација на компактниот Toyota Aygo што е целосно нов модел. Тоа е прв модел од А сегментот на Toyota што вградува во себе елементи на кросовер.

Новиот модел се нуди по почетна цена од 13.490 евра и со 10 годишна гаранција на возилото. Може да се избира меѓу четири нивоа на опременост, а во цената е вклучено и каско осигурување за првата година, авто одговорност за првата година и помош на пат во траење од пет години. Највисокото ниво на опременост е со цена од 18.690 евра.

Новото Aygo веќе се приклучува кон кросоверите, а не кон компактните градски возила, и поради тоа има зголемен клиренс, декоративите пластични делови на браниците, калници и прагови, и се додава „Х“ во името на моделот. Повисоката положба за седење од 55 мм. е исто така дел од оваа листа.

Сега на европските купувачи Toyota сака да им понуди „компактен урбан кросовер“. Концептот беше дизајниран во Франција, со продукциска верзија што дојде од Белгија. Дизајнерите на Toyota направија одлична работа во трансферот на дизјанот од концептот во реланиот модел, а некои детали му донесоа свежина на Aygo X. Во понудата на Aygo X комбинација на неколку бои кои во комбинација со црни детали му даваат одличен изглед.

Aygo X во Македонија

Новиот модел се нуди по цена од 13.490 евра и со 10 годишна гаранција на возилото. Може да се избира меѓу четири нивоа на опременост, а во цената е вклучено и каско осигурување за првата година, авто одговорност за првата година и помош на пат во траење од пет години.

Aygo првпат беше претставено во 2005 година како дел од соработката со PSA, и тогаш исто така бее промовирани „братучедите“, Citroen C1 и Peugeot 107. Тројката ја доби својата втора генерација во 2014 година, но француските марки ги откажаа C1 и 108 и го напуштија сегментот, додека Toyota го преориентираше и го задржа компактниот модел, но со многу промени.

Новото Aygo порасна во големина и сега може да се пофали со должина од 3,7 метри, што е за 235 мм. повеќе од претходно, додека растојанието порасна за 90 мм. за повеќе простор во внатрешноста. Ширината исто така е зголемена за 12,5 см. а висината веќе достигна 1.525 мм. или 65 мм. повеќе од претходно.

Карактеристично е што новиот Aygo X ќе се нуди со тркала од 17 и 18 инча, кои ја истакнуваат неговата нова визија. Неговиот мал радиус на вртење од само 4,7 метри го прави уште попогоден за градските улици. Системот за управување е приспособен за урбано и приградско возење, при што новиот CVT менувач обезбедува најдобра реакција, интуитивно менување на брзини, истовремено одржуваќи силна рамнотежа на потрошувачката на гориво и енергијата.

Под поклопецот на Aygo X ќе работи 1 литарски атмосферски бензински мотор со сила од 72 КС и максимален вртежен момент од 93 Нм. поврзан со механичка трансмисија со 5 брзини или автоматска трансмисија. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч. е за 15 секунди во зависност од конфигурацијата. Потрошувачката на гориво според WLTP е 4,7 литри на 100 км., со мануелен менувач, и 4,9 литри со CVT.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK