Потврдено: Mercedes EQS доаѓа во 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Пред само неколку месеци Mercedes објави дека ќе лансира два нови електрични седански модели: EQE и EQS. Сега, по само неколку месеци потврдено е дека моделот EQS ќе се појави во продажба во 2022 година.

Засега нема многу информации околу овој модел. Со сигурност ќе се темели на новата модуларна платформа која се развива во Штутгарт, а благодарение на конструкцијата која ќе биде создадена од алуминиум, челик и јаглеродни влакна тежината ќе биде значително намалено.

Се збори и дека EQS ќе има погон на ситечетири тркала, комбинираната моќност која ќе ја продуцираат двата електро мотори ќе изнесува околу 400 КС.

Во меѓувреме, покрај овој модел, Mercedes во семејството EQ ќе ги лансира и моделите EQA, EQE и EQB.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK