Sony ги изненади сите – претстави електричен автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Sony Corporation, еден од најголемите светски производители на електроника за широка потрошувачка позитивно ја изненади јавноста претставувајќи концепт на електричен автомобил.

Концептот насловен како Vision-S беше претставен на саемот за електроника (CES) претставува целосно електричен автомобил опремен со 33 сензори вклучувајќи и CMOS сензори и најразлични радари поставени на надворешноста и во внатрешноста кои имаат за цел да детектираат и распознаваат луѓе и други објекти.

Тука е и 360 Reality Audio системот кој овозможува 360 степен звук во кабината. Јапонскиот производител наведува дека овој автомобил има второ ниво на автономија.

Првиот човек на Sony, Кеничиро Јошида наведува дека овој автомобил се темели на ново-дизајнираната EV платформа, а двата електрични мотори од 200 kW овозможуваат да до 100 км/ч забрзува за 4,8 секунди.

Во развојот на овој концепт, Sony соработуваше со Bosch, Continental, NVIDIA и Qualcomm, а засега не е познато дали и кога ќе влезе во сериско производство.