Колку се чисти: Нови три модели на тестирањето на Green NCAP

ОБЈАВЕНО НА:

Green NCAP ги објави резултатите од три популарни автомобили кои има добра продажба. Од трите модели што се најдоа на тестирање, Mazda 2 е на врвот со импресивни 3,5 звезди. Кросоверот на Ford, Puma заслужи 3 звезди, а DS3 Crossback добива оцена од 2,5 звезди.

Според Александар Дамјанов од Green NCAP, „Овие тестови докажуваат дека модерните автомобили со мотор со согорување можат да функционираат добро. Се надеваме дека тестовите на Green NCAP ќе ги охрабрат производителите да се стремат кон најдобро ниво на контрола на емисиите и тоа значи да ги користат сите алатки што им се на располагање. На пример, емисиите на амонијак треба подобро да се земат предвид за да добијат повисок рејтинг.

 

Mazda 2 беше тестирана со 1,5-литарски бензински мотор Skyactiv-G и покажа импресивни перформанси. Лесниот автомобил постигна одлични резултати за енергетска ефикасност, со индекс од 6,9/10 за овој аспект на неговите перформанси. Контролата на емисиите на загадувачки материи е добра, но автомобилот би имал корист од филтерот за честички на бензин (GPF), бидејќи мерењата на бројот на честички се зголемени во некои од најсложените тестови на Green NCAP.

Puma, малиот теренец на Ford, беше тестиран со бензински мотор со благ хибриден 1,0 литарски агрегат, со директно вбризгување. Оцената е три звезди, со добра оценка за неговата енергетска ефикасност и респектабилни резултати во контролата на загадувачите и стакленичките гасови емисии. Амонијак, NH3, загадувачi што не е регулиранi со закон, го намалуваat резултатот во индексот за чист воздух и подобрувањето во оваа област сигурно би имало приклучување на автомобилот со некоја звездичка плус.

DS 3 Crossback го заокружува ова тестирање. Исто како и Ford, и DS 3 Crossback се бори да ги контролира емисиите на амонијак и оние на NOx, кои исто така предизвикуваат проблеми во тешките тестови на Green NCAP. Сепак, филтерот за честички поставен на 1,5 -литарскиот турбодизел мотор работи добро, со емисии на честички добро контролирани во сите тестови.

Повеќе информации за сите досега тестирани автомобили и нивните резултати можете да најдете на следниот линк – https://www.greenncap.com/assessments/

Дали знаете што е Green NCAP?

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK