BMW ќе ги преработи хибридите да возат на струја низ градовите

ОБЈАВЕНО НА:

Од производителот на автомобили од Германија, BMW објавија дека хибридните автомобили ќе можат да ги префрлат исклучиво на електричен погон во деловите на градовите каде што има големо загадување на воздухот.

Со тој потег би можеле да им конкурираат на типовите на возила со исклучиво електричен погон, а за него размислуваат со оглед на тоа што многу градови се обидуваат да создадат зони во градот без емисија на штетни гасови. Автомобилот на тој начин автоматски би го блокирал моторот со внатрешно согорување.

Поради составот на поврзување и навигација кај возилата на BMW, автомобилите можат да се пренасочат така што автоматски ќе се оневозможи работата на моторот. Новиот SUV X5 може да мине дури 80 километри исклучиво на електричен погон.

Оваа технологија од BMW во моментов ја презентираат пред локалните власти во градовите низ Германија, со оглед на тоа што ќе ги забранат дизел возилата поради големо загадување на околината. Тоа ќе биде со цел да се задоволат прописите на Европската унија за чист воздух.

Сепак, клиентите уште се мислат околу купувањето на електрични воила поради недоволната инфраструктура за полнење на батерии, па хибридните возила засега остануваат поатрактивна опција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK