Citroën C3 Aircross пристигнува во јуни

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Citroën објави информација за верзијата 2021 година на компактниот СУВ модел C3 Aircross, кој после произведени 330.000 примероци од крајот на 2017 година досега ќе стане дел од понудата на брендот во јуни оваа година.

„C3 Aircross продолжува да ја изразува сета своја модерност и оригиналност со вистинско СУВ однесување, лидерски простор и модуларност, технологии, кои прават секојдневието да биде полесно. Сакавме да ги користиме тие силни точки и да ги пренесеме на едно новои позрело ниво на однесување на дизајнот и поголемата комоција во внатрешноста. Резултатот е многу опиплив. Лицето е повремено радикално со многу поаголна и истакната предница, новата конструкција на седиштата потпомага за подобро искуство во внатрешноста на автомобилот“, вели Винсент Кобе, извршен директор на Citroen.

Исто така обновениот Citroën C3 Aircross ќе се најде на пазарот со дополнителни можности за прилагодување на надворешноста, а од компанијата велат дека вкупниот број на можни комбинации достигнува до 70.

Ова е можно благодарение на достапните седум основни бои на купето, а три се нови: Khaki Grey, Voltaic Blue, Polar White, четири пакети на бои, избор меѓу две варијанти на боја на констрастен таван – црн или бел. Сериозни можности за прилагодувње има за внатрешноста, а тука се смета на четири основни перфоманси: Standart, Urban Blue, Metropolitan Graphite и Hype Grey.

Citroën C3 Aircross 2021 ветува подобрена удобност и модулност со оптимизирана суспензија и нови Advanced Comfort седишта, кои прво се интегрирани кај C4 Cactus и C5 Aircross, со надолжно лизгачки задни седишта од 150 мм, како и дополнителни одделенија за багаж. Доколку е потребно,автомобилот е во состојба да пренесува товари со должина од 2,4 метри, а употребливиот обем на багажникот варира од 410 или 520 литри, во зависност од позицијата во која се наоѓаат задните седишта до 1289 китри со спуштени задни седишта.

Citroën C3 Aircross 2021

Citroën C3 Aircross 2021 ветува подобрена удобност и модулност со оптимизирана суспензија и нови Advanced Comfort седишта, кои прво се интегрирани кај C4 Cactus и C5 Aircross, со надолжно лизгачки задни седишта од 150 мм, како и дополнителни одделенија за багаж. Доколку е потребно,автомобилот е во состојба да пренесува товари со должина од 2,4 метри, а употребливиот обем на багажникот варира од 410 или 520 литри, во зависност од позицијата во која се наоѓаат задните седишта до 1289 китри со спуштени задни седишта.

Во внатрешноста на C3 Aircross 2021 систо така се открива нов и поголем 9-инчен екран на борд системот кој е чувствителен на допир, кој нуди синхрониација со мобилен телефон преку Android Auto и Apple CarPlay, систем за безжично полнење на мобилен телефон, Citroën Connect Assist и други.

Автомобилот ќе се најде на паарот со 12 системи за асистирање при управувањето и зголемување на безбедноста, а во тој дел и проекциски head-up екран, автоматски систем за кочење, автоматски светла, паркинг асистент и други.

Во опремата на Citroën C3 Aircross 2021 исто така е вклучен и системот за зголемување на контактот Grip Control со функција за помагање при спуштање.

Во понудата на мотори на моделот се вклучени четири бензин и дизел модификации, вклучувајќи и PureTech 110 верзија со рачен менувач од 6-степени, PureTech 130 со автоматски менувач од 6-степени, BlueHDi 110 со рачен менувач од 6-степени и BlueHDi 120 со автоматски менувач со 6-степени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK