ЗНАЕТЕ ЛИ: Која била цената на нафтата и бензинот во Македонија пред 25 години?

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на горивата бележат рекордно ниски цени споредбено со последната деценија. Речиси и да не паметиме кога последен пат сме имале можност да “уживаме” во волку ниски цени.

Сепак ова се далеку од ниски цени, особено за дизелот и тоа споредбено со цените пред нешто повеќе од 20 години.

Во 1995 година литар дизел чинел 0,59 американски долари односно 33,04 денари. Три години подоцна цената се намалила за 22,03% и се продавал по неверојатна цена од 25,76 денари за литар.

Што се однесува до бензинот на бензиските станици низ земјава во 1995 година се продавал по 0,93 американски долари или 52 денари. По три години малопродажната цена паѓа за 24,73% односно бензинот се продава за 39,2 денари. Пред точно 20 година цената изнесувала 42,56 денари, покажуваат историските податоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK