In memoriam – Tомислав Билјарац (22.03 1940 – 18.12.2017)

ОБЈАВЕНО НА:

По кратко боледување во Скопје почина доајен и основоположник на македонското автомобилско новинарство, Томислав Билјарац.

Во својата долга и богата новинарска кариера Билјарац над 40 години беше активен во радио, новински изданија, магазини, ревии

Почетоците му се во радио Скопје во рубриката за сообраќај. Повеќе децении беше главен и одговорен уредник на изданието на Здружението на возачите – Современ возач.

Беше член на жирито за избор на Автомобил на годината на Југославија. Основач и сопственик на првата авто-мото ревија во независна Македонија – Авто Плус.

Иницијатор и еден од основачите на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија. Беше и почесен претседател на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија.

Еден е од поставувачите на темелите на салонската манифестација „Автоекспо“ која се одржуваше на Скопскиот саем долго години. Еден од основачите на жирито Аутобест.

Добитник на многу признанија и награди како на просторите на некогашна Југославија, така и во независна Македонија.

Нека му е вечна слава

Следете не и на:

24AUTO NETWORK