ЗНАЕТЕ ЛИ: Кој троши најмногу гориво по глава на жител – САД е далеку пред сите!

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги укине сите еколошки норми за емисија на штетни гасови од автомобилите донесени од неговиот претходниот Барак Обама. На произведувачите на возила им е оставена можност полека и благо да ги намалуваат емисиите на штетни гасови на своите модели, а за климатските промени ќе се погрижат очигледно Европа и другите…

Америка има 327 милиони жители, а цела Европска унија околу 512 милиони. Одлуката на американскиот претседтел ќе има големо влијание на глобалната клима и климатските промени бидејќи просечен граѓанин троши 4,39 литри гориво дневно. Според тоа САД е далеку пред другите бијдеќи на 2. место е Канада со 3,62 литри.

Животниот стил во овие две земји е сличен, доминираат бензинците, пикап возилата кои трошат многу гориво, возачите секојдневно минуваат големи релации до работа… Ако на тоа додадете и голем број на жители во САД јасное дека одлуката на претседателот Трамп ќе има далеку поголеми последици.

Потоа следат неколку арапски држави, а првата европска држава на листата е Луксембург и тоа на 7. место со потрошувачка од 2,43 литри гориво по жител. Потоа се Швајцарија на 19. место (1,35 литри) и Шведска на 22. место (1,12 литри). Потрошувачка на гориво по глава на жител во Германија е само 0,84 литри, во Велика Британија 0,80 литри, а во Хрватска 0,51 литар. Во Кина потрошувачката е уште помала и е 0,22 литри.

Македонија за жал ја нема на листата, но сигурно е под половина литар гориво.