Доби BMW на подарок – незадоволен го турна во река

ОБЈАВЕНО НА:

Големо е разочарувањето кога нема да го добиете оној поклон кој го посакувате за вашиот роденден. Тоа најдобро го знае еден Индијец кој незадоволен од роденденскиот поклон истиот го фрлил во локалната река.

BBC пренесува за тоа како еден индијец добил нов BMW автомобил од серија 3, но доживеал целосно разочарување бидејќи очекувал да добие нов Jaguar автомобил.

Поради тоа тој го турнал автомобилот во локалната река по што група пожарникари и дел од локалното население се обидоа да го извадат автомобилот.

Инаку овој автомобил бил купен за 49 илјади долари со фул опрема, но и покрај тоа, славеникот сметал дека воопшто не е достоен за тоа да биде негов роденденски поклон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK